Живот
1. September 2015 - 10:46

Еве како магионичар ја запроси својата девојка

Британскиот магионичар Нил Хенри употреби магија да ја запроси својата девојка Чарли Гарднер пред својата публика во Единбург.

- Да те имам тебе во својот живот е вистинската магија и не сакам никогаш таа магија да престане - рече Нил и од својата уста извади наредени зборови „омажи се за мене’ откако претходно проголта еден куп букви. Погледнете како потоа одеднаш се појави кутивче со прстен! 

Чарли се разбира беше шокирана и пресреќна!