Живот
4. January 2016 - 18:10

Еве како домот да ви биде потопол за 3 до 4 степени, дури и кога надвор има минусни температури

Зимата пристигна пред нашите домови. Доколку сакате вашиот дом да ја задржи топлината применете ги овие неколку трикови во вашиот стан или куќа.
 
До сега се извлекувавме без снег, лед и минусни температури, но вистинската зима стигна. Затоа ви ги претставуваме овие феноменални трикови кои ќе ви помогнат да ја зголемите температурата во вашиот дом 3 до 4 степени, заштедувајќи на греењето.
 
Топлината во нашите домови најчесто се губи низ неадекватните врати или прозори, а тоа можете да го проверите со едноставен тест. Отворете врата или прозор, ставете лист хартија па затворете. Доколку листот можете лесно да го извлечете, на вашите врати или прозори губите топлина.
 
Изолирањето на вратите или прозорците е најбрзата опција за решавање на губењето на топлотната енергија. Потребно ви е само гумена трака со која ќе ги обложите краевите. Лесна е, а и ефтина за набавување, заштедата сигурно ќе биде многу поголема за разлика од вложените пари.
 
Зад радијаторите се наоѓаат надворешните ѕидови, под прозорецот поставете рефлектирачка фолија. Така протокот на топлината ќе биде насочен кон просторот а не кон прозорот. 
 
Даска поставена над радијаторот или друго грејно тело, ако е покрај прозорт е препрека за излегување на топлиот воздух  од прозорите. Радијаторите не ги прикривајте со завеси или намештај кој спречува ширење на топлотната енергија.
 
Доколку во куќата имате оџаци кои ги користите повремено, би било добро да ги затворите (оставете отвори за проветрување) бидејќи некориснитот дим е како дупка во плафонот низ кој влегува ладен воздух. Експертите тврдат дека низ отворените оџаци се губи дури 25 проценти од енергијата потребна за загревање на просторот.
 
За време на ладните денови и ноќи на прозорците можете да ставите фолија со балончиња (се користи како заштита при транспорт, но се продава на метар и не е скапа). Таа ќе ви помогне да ја задржите топлината.