Еве како да препознаете фалсификувани банкноти од 2000 денари
Народната банка денеска соопшти дека е забележана појава на фалсификувани банкноти од 2000 денари, за што е известено и Министерството за внатрешни работи.
Со цел да се заштитат граѓаните и правните лица, Народната банка укажува на начинот на којшто може да се провери дали станува збор за фалсификат. Доколку се забележи фалсификувана банкнота, граѓаните треба да се обратат до банките или до Министерството за внатрешни работи.
– Појавениот тип на фалсификат е изработен на обична (комерцијална), двослојна хартија којашто при допир значително се разликува во дебелината, цврстината и еластичноста во однос на оригиналната хартија на која се изработуваат банкнотите. Покрај тоа, оригиналните банкноти содржат високософистицирани заштитни елементи според кои граѓаните можат да направат разлика и да ја препознаат нивната автентичност, велат од Народна банка.
Фалсификуваната банкнота може да се препознае по основниот заштитен елемент, отпечатен со оптички варијабилна боја, којшто се наоѓа на горниот средишен дел на предната страна на банкнотата. Кај фалсификуваната банкнота, овој елемент воопшто не ја менува бојата со придвижување на банкнотата, додека кај оригиналните банкноти, со придвижување под одреден агол, може да се забележи како се менува неговата боја од зелена во сина и се појавува светлозелен прстен којшто симулира ефект на движење, како што е прикажано на сликата:
Втор елемент по кој може да се разликува оргиналот од фалсификатот е заштитниот конец којшто е вметнат меѓу двата слоја хартија со видливи засеци. Со придвижување на банкнотата создава лажен впечаток на делумно менување на боите, но, доколку се набљудува малку повнимателно јасно може да се воочи дека е имитиран:
Исто така, фалсификуваните банкноти може да се препознаат и по водениот печат. Кај фалсификатот е имитиран со нанесување на основниот мотив со нијанса на жолтеникава и сива боја и е видлив, додека кај оригиналните банкноти е видлив единствено доколку се постави банкнотата под извор на светлина. бак/лв/
Ново на Сител
-
80 години Универзитетска библиотека Свети Климент Охридски
-
Службите кубурат со опрема и кадар
-
Општините немаат доволен број комунални инспектори, а слаба е и казнената политика
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски во вински саем во Белград - Средба Мицкоски со Вучиќ
-
ЈСП има нафта за 7 дена - Што потоа? Владата ќе набавува електрични автобуси
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, професор по безбедност
-
Мицкоски во Белград на средба со Вучиќ и Вучевиќ