Еве каде беше убиен градоначалникот на Боговиње
Градоначалникот на општина Боговиње Хазби Идризи, починал откако денеска бил застрелан од огнено оружје од Ќ.А. (53) од село Боговиње во угостителски објект во непосредна близина на општината, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, денеска во 10:45 часот Идризи бил донесен во Медицинскиот центар Тетово со повеќе прострелни рани по телото добиени од огнено оружје, по што било констатирано дека бил починат.
На настанот му претходела вербална расправија помеѓу Х.И. и Ќ.А.. Набргу потоа, Ќ.А. се обидел да се самоубие, испукувајќи еден куршум во пределот на главата. Тој со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Медицински Центар Тетово, од каде поради сериозноста на повредите е префрлен во Ургентниот центар во Скопје. Но, почина и убиецот на градоначалникот.
ФОТО: АлсатМ
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација