Еванс: Ѓоковиќ постави многу лош пример за сите и мора да сноси одговорност
Британскиот тенисер Даниел Еванс смета дека Новак Ѓоковиќ мора да сноси одговорност за она што се случи со „Адрија Тур“
Григор Димитров беше првиот што објави дека е позитивен на коронавирусот, по што сите, освен Ѓоковиќ, веднаш беа тестирани за „Ковид-19“.
Фитнес тренерот на Новак, Борна Чориќ и тренерот Григор Димитров беа позитивни.
– Мислам дека тој постави лош пример за сите. Иако во таа земја не постојат мерки за социјално растојание, мислам дека требаше да се придржуваат до тоа. Тоа не е шега, зар не? Иако во таа земја мерките беа укинати и сè се врати во нормала, сè уште би се обидувал да се дистанцирам што е можно повеќе од другите луѓе, колку што можам.
Воопшто не е добро што Григор Димитров има коронавирус и дека Чориќ има коронавирус, но ако „го вратите филмот“, зарем тоа е изненадување? Мислам дека тоа е прашање што сите треба да го поставиме. Можеме да научиме многу од оваа ситуација. Се надевам дека ова што се случи нема да го откаже УС Опен. Се надевам дека организаторите нема да се премислат, по сè што се случи таму, вели британскиот тенисер.
Ново на Сител
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено