Свет
22. March 2016 - 14:32

Евакурана железничка станица во Холандија поради лажна тревога

Холандската полиција евакуира железничка станица во близина на Амстердам.

Зоната околу станицата Хофдорп беше евакирана. Според дел од холандските медиуми полицијата вршела претрес на воз кој дошол од Белгија.

Холандската полиција на Твитер објави дека по кратко време станицата повторно е отворена и оти станувало збор за лажна тревога.

Хофдорп се наоѓа на околу 15 километри југозападно од Амстердам во близина на меѓународниот аеродром Схипхол.