Балкан
15. May 2018 - 10:42

Евакуирани вработените во Градската управа на Белград поради дојава за бомба

Поради дојава за бомба повеќе од сто вработени денеска се евакуирани од зградата на Градската управа во Белград.

Припадници на специјална единица на срспкото МВР се на терен, јавија локалните медиуми.

Дојавата за бомба во зградата на Градската управа била добиена околу 8 часот и 30 минути по локално време.