-->
-->
Евакуирани околу 27.000 жители поради пожарот во Калифорнија
-->
- Околу 27.000 луѓе се евакуирани поради шумскиот пожар што го зафати реонот на калифорнискиот град Санта Паула, кој се шири со голема брзина, поради силните ветрови.
Пожарот зафатил површина од 5.000 хектари, а огнената стихија, како што изјавуваат пожарникарите, тешко се контролира поради ветровите кои се движат со 115 километри на час.
- Пожарот се развива со голема брзина. Се што можат да направат пожарникарите при вакви ветрови и да ги евакуираат луѓето и да ги штитат градбите, изјави шефот на пожарникарската служба Марк Лоренсен.
Досега изгореле најмалку 150 објекти.
Причината за пожарот, кој избувна вчера, се уште не е позната.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија