Македонија
5. August 2021 - 18:36

Евакуирани лица од пожар во прилепско

Денеска (05.08.2021) околу 14.00 часот, по добиена пријава во ОВР Прилеп дека во с.Ракле има две неподвижни лица на возраст од 80 и 88 години, кои се во опасност поради настанат пожар на тоа подрачје, полициски службеници од ОВР Прилеп се упатиле на местото. За кратко време лицата биле евакуирани и безбедно префрлени во Прилеп, во домот на нивниот син, соопштија од МВР.