Свет
20. May 2016 - 17:00

Евакуиран дел од аеродромот „Џон Ленон“ во Ливерпул

Британската полиција нареди евакуација на дел од аеродромот „Џон Ленон“ во Ливерпул поради неисправност на машината за скенирање.

Голем број луѓе објавија на социјалните мрежи дека им е наредено да ја напуштат главната аеродромска зграда.

Претставници на аеродромот изјавија дека се работи за технички проблем и оти не постои никаква опасност за патниците.