Балкан
1. December 2015 - 17:27

Евакуаиран аеродромот во Софија поради сомнителни торби

Бугарската полиција го евакуираше денеска дел од меѓународниот аеродром во Софија, откако се пронајдени сомнителни торби, изјави портпаролката на бугарското МВР.

Во тек е проверка на сомнителниот багаж, наведе таа.

Откако во комби паркирано пред аеродромот се пронајдени сомнителни торби, евакуиран е дел од терминалот 1.