Свет
18. February 2019 - 11:26

Евакуација во Бразил поради можно пукање на брана

Бразилскиот рударски комплек „Вале“ соопшти дека денеска биле евакуирани скоро 200 луѓе, откако инспектори забележале знаци за можно пукање на браната во која се задржува рударски отпад.

Евакуацијата следува само три недели од пукањето на друга рударска брана. Во несреќата животот го загубија најмалку 166 лица, а 147 се исчезнати.

Пукањето на браната предизвика море од кал што се ширеше во руралните области во југоисточната држава Минас Жераис, пренесе Би-би-си.