Евакуација на островот Амбе поради можна ерупција на вулкан
Властите на Вануату денеска наредија задолжителна евакуација на целиот остров поради заканата од ерупција на вулкан.
Единаесет илјади жители на островот Амбе, 150 километри северно од престолнината Порт Вила, треба да го напуштат островот до шести октомври.
Евакуираните ќе бидат префрлени до блиските острови.
- Првпат во историјата на човештвото остров од архипелаг треба да биде целосно евакуиран поради вулкан, изјави претставник на Службата за борба со природни катастрофи во Вануату.
Вулканот Манаро се активира пред неколку недели и за време на викендот неколку села преплави со пепел и камења, што ги принуди властите да прогласат вонредна состојба.
Вануату е островска држава во југозападниот дел на Тихиот Океан, која се наоѓа на Нови Хебриди.
Ново на Сител
-
Уапсени двајца дилери на хероин од Прилеп
-
Човек стави дете во контејнер за донации кај „Сити мол“ | ВИДЕО
-
БиХ: Жена со Ковид-19 загина во пожар во ковид-центар
-
Принц Едвард: Смртта на принцот Филип остави голема празнина во животот на британската кралица
-
Првиот контингент американски војници за вежбата „Дифендер 21“ пристигна во Тирана
-
Полицискиот час во Албанија од утре се намалува за два часа
-
Села: Некој не зел плата два месеци, а граѓаните без државјанство не зеле 30 години
-
„Гардијан“: Најголемото жариште на бразилски сој П1 е во Канада