Свет
5. March 2018 - 22:57

Евакуација на колеџ во САД

Јутика колеџот во американската сојузна држава Њујорк е блокиран „поради реална и кредибилна закана“.

Управата на колеџот соопшти дека немало истрели од огнено оружје и оти нема информации за евентуални жртви, но полицијата нареди евакуација на колеџот и на кампусот.

Јутика колеџ

- Доколку сте засолнети, ќе бидете евакуирани и испратени до безбедна локација, објави управата на колеџот на Твитер.

Телевизијата „Еј-Би-Си њуз“ објави дека колеџот е блокиран по два телефонски повици при што се упатени закани за „преземање на одредени акции“ во „Научниот центар Гордон“ во Јутика колеџот.