Свет
27. April 2017 - 9:33

Евакуација на еден од терминалите на аеродромот Шонефелд во Берлин

На еден од терминалите на берлинскиот аеродром „Шонефелд“ се извршува евакуација поради отворен сомнителен предмет, соопшти прес-службата на аеродромот. 

- Во врска со спроведувањето на полициска операција се извршува евакуација на терминалот „Б“ и ве замолуваме да ги следите препораките на полицијата, се наведува во соопштението, објавено на официјалната страница на аеродромот на Твитер.