Бизнис
14. April 2019 - 19:34

Еуростат: Македонците работат повеќе од 42 часа неделно, од законските 40

Работа има, но квалификациите на невработените не ги задоволуваат потребите на бизнис секторот. Според вицепремиерот Анѓушев, младите кои сакаат да работат прифаќаат да се преквалификуваат. Вели дека најголем дел од невработените се лица само со основно или без никакво образование, а голем е процентот на луѓе без работа кои имаат повеќе од 50 години. За таа категорија граѓани државата сè уште нема решение.

“Над 42% се над 50 години. Тоа се луѓе кои веројатно останале без работакако резултат на некои стечајни постапки. Меѓутоа тое се и земјоделци, тоа се и луѓе кои што работат на црно во нашата држава, тоа се луѓе од мајсторските дејности, како водоинсталатори, плочкари, елетричари итн., кои едноставно и не бараат работа”, вели Кочо Анѓушев, вицепремиер задолжен за економски прашања.

Од Агенцијата за вработување потврдуваат дека многу од лицата со високо образование се одлучуваат да се преквалификуваат според потребите на пазарот на труд, со цел полесно да дојдат до работно место. Но, голем бил и бројот на тие што официјално се невработени, а всушност не сакаат да работат.

Интересно е што податоците на Еуростат покажуваат дека во земјава просечно се работи по повеќе од 42 часа неделно, во услови кога законски работната недела изнесува 40 часа.

За споредба, просечната работна недела во рамки на Европската Унија трае 40,2 часа. Најмногу работат граѓаните на Обединетото Кралство, неделно по 42,1 час, додека најкратка е работната недела во Данска, 37,8 часа.

Од земјите што не се членки на ЕУ, највисок просек на работна недела има Турција, дури 49,1 час. Следуваат Исланд, Црна Гора и Македонија со 42,3 часа.

Во рамки на државите од Западен Балкан, најмалку работат хрватите 40,4 часа, а најмногу Црногорците, 43,6 часа неделно.

Синдикатот на УПОЗ на почетокот од годинава до Владата достави официјално барање земјава да ја примени праксата од некои европски држави и да го намали бројот на работни часови. Сметаат дека нивниот предлог во пракса ќе значи подобра распределба на трудот, ќе се отворат нови работни места и ќе се намали невработеноста во земјава, која што изнесува 19,4%.

Апсолутната бројка на невработени достигнува речиси 190.000, но дури половина од нив не бараат работа. Според експертите дел се заминати во странство, а дел работат на црно.

 

ОБЕДИНЕТО КРАЛСТВО

42,1   ЧАСА / НЕДЕЛНО

ШВАЈЦАРИЈА

41,8   ЧАСА / НЕДЕЛНО

КИПАР

41,6   ЧАСА / НЕДЕЛНО

АВСТРИЈА

41,3   ЧАСА / НЕДЕЛНО

ГРЦИЈА

41,0   ЧАСА / НЕДЕЛНО

ПОРТУГАЛИЈА

41,0   ЧАСА / НЕДЕЛНО

 

 

ДАНСКА

37,8   ЧАСА / НЕДЕЛНО

 

 

ТУРЦИЈА

49,1   ЧАСА / НЕДЕЛНО

ИСЛАНД

44,0   ЧАСА / НЕДЕЛНО

ЦРНА ГОРА

43,6   ЧАСА / НЕДЕЛНО

МАКЕДОНИЈА

42,3   ЧАСА / НЕДЕЛНО

 

 

 

 

 

 

 

 

ЦРНА ГОРА

43,6   ЧАСА / НЕДЕЛНО

МАКЕДОНИЈА

42,3   ЧАСА / НЕДЕЛНО

СЛОВЕНИЈА

40,9   ЧАСА / НЕДЕЛНО

ХРВАТСКА

40,4   ЧАСА / НЕДЕЛНО