Бизнис
27. August 2019 - 19:33

Еуростат: Храната и безалкохолните пијалоци во Европа се најевтини во Македонија

Македонија има најевтина храна и безалкохолни пијалоци споредено со останатите европски држави, покажува европската статистика. Според анализата на Еуростат, лани прехранбените продукти во земјава се продавале за околу 35% поевтино од нивната просечна цена во државите од Европската Унија. По најниски европски цени се продаваат млечните производи, овошјето и зеленчукот, како и месото и рибата.

Во зависност од тоа какво месо или риба консумираат, граѓаните имаат различно мислење околу цените. За некои, пак, квалитетот е поважен од цената.

Повисоки цени на прехранбените продукти има во сите држави од соседството. Освен Македонија, меѓу земјите со најевтина храна и безалкохолни пијалаци се и Романија, Полска и Турција. Најскапа е храната во Норвешка и Швајцарија.