Бизнис
29. December 2019 - 8:45

Еуростандард банка утре ќе ги исплати пензиите

Граѓаните што примаат пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување преку Еуростандард банка ќе добијат исплата на пензиите утре, 30 декември.

-Оние пензионери кои својата пензија ја примаат на трансакциска сметка ќе може да ја подигнат на мрежата на банкомати и експозитури на Банката, додека, пак, оние кои ја добиваат во својот дом, ќе им биде врачена исто така на 30 декември, соопшти Еуростандард банка.