Loading Video...
Ракомет
15. December 2019 - 16:22

Еурофарм Работник преку Нексе за четвртфинале против Вардар во СЕХА лигата

Ракометарите на Еурофарм Работник со убедлива победа на гостувањето во Москва кај Спартак со 33-21  ја завршија групната фаза. Четирите победи и шесте порази го рангираат битолскиот тим на 4 место на табелата во Б групата.

Така Еурофарм Работник за противник за осминафиналето ќе го има хрватскиот тим Нексе кој го освои 5.место во А групата, а кој пак попладнево во Нашице го пречекува Вардар.  

За Вардарци овој меч е без резултатско значење бидејќи актуелниот СЕХА шампион веќе одамна има  обезбедено директен пласман во четвртфиналето. 

Токму овие три тима ќе бидат и во фокусот на вниманието на македонската јавност бидејќи победникот од осминафиналниот дуел меѓу Еурофарм Работник и Нексе во четвртфиналето ќе оди на мегдан на Вардар. 

Средби од осминафиналната рунда се закажани за почетокот на февруари месец следната година.