Ракомет
23. September 2019 - 16:26

Еурофарм Работник подготвен за Металопластика

Македонскиот вице-првак Еурофарм Работник вечерва во Битола ќе биде домаќин на Металопластика во меч од регионалната СЕХА лига. 
 
„Фармацевтите“ се надеваат дека токму против српскиот тим ќе успеат да се рехабилитираат од двата порази во низа во Лигата на шампионите, но и предупредуваат дека нема да биде нималку лесно против младиот состав на Металопластика 
 
Дуелот кој ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“ ќе започне во терминот од 20 часот и 45 минути.