Loading Video...
Ракомет
2. October 2019 - 19:04

Еурофарм Работник го совлада европскиот вице-првак Веспрем

Ракометарите на Еурофарм Работник го совладаа  европскиот вице-првак Веспрем во меч од регионалната СЕХА Лига. 
 
На средбата одиграна попладнево во Битола, а во рамките до Б групата Еурофарм Работник го победи унгарскиот гигант Веспрем со 26:24 .
 
Одлично прво полувреме изиграа избраниците на Стефче Алушовски, не дозволувајќи му на противникот во ниту еден момент да има резултатска предност, па на пауза Еурофарм замина со предност од 6 гола 14:8. 
 
Сепак во вториот дел односно 47-минута Веспрем, ја анулира негативата израмнувајќи на 19:19. 
 
Сепак битолчани влегоа во серија и одново создадоа три гола предност (22:19), која до крајот со голема борба успеаја да ја сочуваат и на крајот да се радуваат на победа со конечни 26:24. 
 
Никола Митревски со 13 одбрани, како и Јотиќ кој постигна 8, односно Стјепановиќ кој беше стрелец на 5 гола беа најистакнатите поединци во победничкиот тим 
 
Следните два меча во СЕХА лигата ракометарите на Еурофарм Работник ќе ги играат во сабота и вторник и тоа во Хрватска и Белорусија каде ќе им гостуваат на ППД Загреб (5 октомври) односно Мешков Брест (8 октомври)