-->
-->
Еурофарм Работник го доби битолското ракометно дерби против Пелистер
-->
Ракометарите на Еурофарм Работник го добија битолското дерби против Пелистер.
Во последниот натпревар од 4.коло на Плејоф лигата, кој се одигра попладнево во Битола, Еурофарм Работник го совлада градскиот ривал Пелистер со 26-25, полувреме 11-11.
Серхио Барош со 7 гола беше најефикасен кај Еурофарм Работник, а Чурлевски и Крстевски постигнаа по 4 гола. Кај Пелистер се издвоија Богдан Николиќ со 7 и Васко Димитровски со 5 гола.
За ракометарите на Еурофарм Работник ова е втора победа во плејофот, додека Пелистер го претрпе третиот пораз.
На претходно одиграните натпревари од ова коло гостински победи остварија фаворитите Металург и Вардар.
Металурзите славеа во Велес против Борец со 35-32, додека Вардар убедливо го победи Охрид со 35-23.
По бодови води Металург со 12 бодови, следат Вардар 9, Еурофарм Работник 6, Охрид 6, Пелистер 3 и Борец 0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори