Ракомет
30. May 2017 - 14:34

Еурофарм Работник домаќин на Металург

Со натпреварот што се игра попладнево во Битола меѓу Еурофарм Работник и Металург стартува последното 10.коло од плејоф во ракометното првенство на Македонија. Почетокот на дуелот е во 18:30 часот.
Најинтересниот дуел од ова коло утре од 19 часот ќе го одиграат Охрид и Пелистер. Последниот натпревар од шамионатот се игра на 7.јуни меѓу Борец и Вардар. Овој дуел е одложен поради обврските на шампионот со настапот на „фајнл фор“ турнирот од Лигата на шампионите во Келн.
Табела: Вардар 24 бодови, Металург 24, Еурофарм Работник 12, Охрид 12, Пелистер 9, Борец 0.