Loading Video...
Ракомет
19. October 2019 - 16:00

Еурофарм Р. против Татран ќе атакува на втората победа во ЛШ

Вториот македонски претставник во ракометната Лига на шампиони Еурофарм Работник утре против првакот на Словачка, Татран Прешов ќе атакува на втората победа во елитната лига. 
 
Откако пред една седмица битолчани ја остварија првата победа утре ќе имаат шанса за нова и тоа повторно пред својата публика. Оптимизмот се базира пред се на лошата игра на противникот бидејќи Татран во изминатите четири кола претрпе исто толку порази. 
 
Но. Во таборот на „фармацевтите“ се внимателни, па искусниот Остроушко ќе потенцира дека нема лесен противник во ЛШ. 
 
„Во Лигата на шампионите нема лесен натпревар. Овој е посебно важен дуел за нас и верувам дека ќе се радуваме на победа. Со помош на гледачите верувам дека можеме да победиме против Татран Прешов“, истакна украинскиот репрезентативец Остроушко
 
Дуелот меѓу Еурофарм Работник и Татран Прешов кој ќе се игра утре, ќе започне во терминот од 17 часот