Loading Video...
Ракомет
30. March 2021 - 16:37

Еурофарм Пелистер на „формален“ реванш кај Магдебург

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва ќе го играат реванш дуелот од осминафиналето во Европската лига.
 
Пелистерци на гостувањето кај фаворизираниот Магдебург отпатувааа со негатива од првиот натпревар одигран во Битола во кој загубија со 32:24.
 
Дуелот во Германија за битолчани доаѓа во незгоден момент и тоа само неколлку дена по убедливиот поразо од Вардар (35:27) во дуелот од домашното првенство.
 
Покрај негативата од 8 голови, тимот пелустерци ќе имаат невозможна мисија за пласман во четвртфиналето, бидејќи на натпреварот ќе го немаат тренерот, Жељко Бабиќ кој поради Ковид-19 остана во Битола. 
 
Дополнителен проблем за нашиот претставник е отсуството на уште тројца стандардни првотимци, Вегар, Стјепановиќ и Кушан, вечерашното гостување кај Магдебург може да го оцениме како чиста формалност, имајќи ја во предвид и неверојатната серија на германскиот тим од 22 натпревари во низа без пораз.