Loading Video...
Ракомет
2. October 2020 - 16:19
Еурофарм Пелистер и Металург ги дознаат противниците во Европската Лига
Македонските ракометни претставници во Европската лига, екипите на Еурофарм Пелистер и Металург ги дознаа своите противниците во групната фаза.
Тимот на Еурофарм Пелистер кој директно обезбеди учество во второто по квалитет европско натпреварување, ќе настапува во Д групата.
Во неа, Битолчани за противници ќе ги имаа, реномираниот германски тим Рајн Некар Левен, унгарската Татабања, добро познатиот швајцарски претставник Кадетен Шафхаузен, како и екипите на Гог од Данска и Тримо Требње од Словенија.
Металург кој место во групната фаза обезбеди преку квалификациите, ќе играат во групата А во која за противници ќе ги има, шпански Адемар Леон, полската Висла Плоцк, рускиот Чеховски Медведи, француски Тулуз и тимот на Фиверс од Австрија.
Натпреварите во групната фаза започнуваат на 20 октомври, а по четири најдобро рангирани од четирите група ќе обезбедат пласман во осминафиналето
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->