Loading Video...
Ракомет
29. August 2021 - 18:30

Еурофарм Пелистер елиминиран во четвртфиналето на СЕХА лигата

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да ја минат четвртфиналната  рунда во СЕХА лига. Пелистерци се елиминирани од Мешков Брест во четвртфиналето од регионалното натпреварување. 
 
По поразот во Битола со 4 голови разлика и попладнево на гостувањето во Белорусија,зелено-белите загубија со 4 гола разлика. 
 
Само во воведните 10 минути нашиот тим беше рамноправен, а резултатот израмнет (5-5), по што за само осум минути следуваше „пеколна“ серија на домаќините од 6-0 кои поведоа и со 11:5. 
 
Ваквата предност искусниот состав на Мешков знаеше како да ја сочува па на крајот оставри победа со конечни 35-31 . 
 
Ова значеше крај на надежите за пелистерци за пласман на завршниот фајнал-фор, на кој пак Мешков Брест би можел во полуфиналето да се сретне со Вардар, доколку македонскиот шампион ја сочува предноста од 4 голови остварена на првиот меч против ППД Загреб, a по реваншот закажан за во воторник на теренот на проптивникот.