Loading Video...
Ракомет
23. March 2021 - 12:04

Еурофарм Пелистер домаќин на Магдебург

 
Екипата на Еурофарм Пелистер е пред голем предизвик. Битолчани ги очекува двомеч со германскиот тим Магдебург во рамките од осминафиналето на Европската лига. 
 
Иако составот на Магдебург ја има улогата на фаворит, не само поради реномето туку и поради фактот што во Битола допатува со неверојатна серија од дури 19 натпревари без пораз, сепак од таборот на нашиот тим најавуваат дека никој во Битола не е фаворит против Пелистер. 
 
„Без оглед на сите нивни квалитети, ние ги знаеме нивните слабости. Секој противник има свои слабости и со ментална агилност ќе ги пореметиме и верувам дека тие ќе имаат големи проблеми во Битола. Оптимист сум и покрај тоа што игравме многу натпревари и имаме повредени ракометари. Никој не е фаворит во Битола против Еурофарм Пелистер“, истакта тренерот Бабиќ.
 
Вечерашниот натпревар меѓу Еурофарм Пелистер и Магдебург ќе започне во терминот од 20:45 часот, а реванш средбата во Германија ќе се игра за една седмица.