ЕУРО2020: Финалето на „Вембли“ пред 40.000 гледачи
Еден од двата полуфинални натпревари, како и финалето на ЕУРО2020, чиј домаќин е Лондон, ќе можат да се играат во присуство на 40.000 гледачи на трибините на стадионот „Вембли“, соопштија денеска британските власти.
Владата во Лондон ги одобри плановите за 20 пилот настани, кои ќе мижат да се одржат во присуство на публика, вклучувајќи го Европското фудбалско првенство и претстојниот тениски турнир во Вимблдон.
- Би сакале да собереме докази за тоа како главните настани можеме да ги отвориме за јавноста со цел истите да се одвиваат безбедно, и што е уште поважно, да можат да останат од отворен карактер, изјави британскиот министер за култура Оливер Доуден.
Навивачите, кои имаат обезбедено билети за натпреварите од ЕУРО2020 на „Вембли“ мораат да приложат доказ дека се вакцинирани против Ковид-19 или негативен тест на коронавирус.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право