Фудбал
19. јуни 2017 - 21:37

ЕУРО У_21: Триумф за Англија

Репрезентацијата на Англија до 21 година ја постигна првата победа на Европското првенство во Полска откако вечерва со пресврт ја совлада Словачка со 2:1. Со овој триумф Англија ги задржа шансите за пласман во полуфиналето.
Репрезентацијата на Словачка поведе во 23.минута со голот на Мартин Криен. Англија изедначи преку Елфи Мовсон во 50.минута, а победата од 2:1 ја донесе Нејтан Редмонд во 61.минута.
Во вториот натпревар од групата А во тек е дуелот во Лублин меѓу домаќинот Полска и Шведска. По некомплетното второ коло Англија е прва со 4 бодови, Словачка има 3, Шведска 1, а Полска е без бод.
Утре во терминот од 18 часот во дуел од Б групата од 2.коло во Бидгошч играат Македонија и Србија.