Бизнис
27. November 2019 - 17:02

Еуро Никел го проширува производството

Еуроникел ја пушти во употреба вторана производна линија, инвестиција вредна 15 милиони евра. До сега фабриката произведуваше околу 15 илјади тони фероникел, а сега се зголемува обемот на работа. Целокупното производство е наменето за извоз во Европа, Азија и Америкка.

По успешно завршената стечајна постапка, кавадаречкиот комбинат го обнови производството и работи веќе цела година.

Откако инвеститорот го презеде поранешен Фени, за обнова и проширување на производството до сега инвестираше вкупно 95 милиони евра.

Еуроникел има 1.000 вработени со просечна плата од околу 550 евра, а директно или индиректно соработува со околу 1.000 локални фирми добавувачи.