Фудбал
11. October 2015 - 15:11

ЕУРО 2016: Стартува последната рунда во квалификациите

Со осум натпревари кои ќе се одиграат денеска, започнува последното коло во калцификациите за ЕП 2016 година во Франција.
 
Најнеизвесно се очекува да биде во Варшава, каде Полска и Република Ирска директно решаваат за второто место во Д групата, односно за пласман во баражот, имајќи в предвид дека Германија е апсолутен фаворит во дуелот со Грузија, а „панцирните„ имаат само бод повеќе од Полска и Р.Ирска.
 
 
Двојки за денеска
 
Група Д
20:45 Полска - Ирска
20:45 Гибралтар - Шкотска
20:45 Германија - Грузија
 
Табела:  Германија 19, Полска 18, Р. Ирска 18, Шкотска 12, Грузија 9, Гибралтар 0.
 
Група Ф: 
18:00 Грција - Унгарија
18:00 Финска - Северна Ирска
18:00 Фарски Острови - Романија
 
Табела: Северна Ирска 20, Романија 17, Унгарија 16, Финска 11, Фарски Острови 6, Грција 3.
 
Група И:
18:00 Србија - Португалија
18:00 Ерменија – Албанија
 
Табела: Португалија 18, Данска 12, Албанија 11, Србија 4, Ерменија 2.
 
Покрај домаќинот Франција, пласман на ЕУРО 2016 досега имаат обезбедено: Исланд,  Чешка, Белгија, Велс, Шпанија, Англија, Швајцарија, Северна Ирска, Австрија, Италија и Португалија.