Фудбал
14. јуни 2016 - 8:56

ЕУРО 2016: Стартна победа за Италија

Репрезентацијата на Италија со победа од 2:0 над Белгија го почна Европското првенство во Франција. Во рамките на групата Е во првиот дуел Шведска и Република Ирска одиграа нерешено 1:1, што знчаи дека Италија е прва по првото коло. 
Италија поведе со голот на Емануеле Џакерини во 32.минута, а конечните 2:0 ги постави Грациано Пеле во 90.минута.
 
Со овој пораз Белгија не успеа да ја прекине традицијата и 34 години нема победа над Италија.
На првиот натпревар од вчерашната програма од Д групата европскиот првак Шпанија ја победи Чешка со 1:0.
 
Денеска на програмата се последните два натпревара од 1.коло од Ф групата, а играат:
Австрија – Унгарија (почеток 18 часот) и
Португалија – Исланд (почеток 21 часот).