Фудбал
26. јуни 2016 - 11:39

ЕУРО 2016: Прегратката од Роналдо утеха за расплаканиот Модриќ

По несреќната елиминација од Португалија (0:1) повеќе хрватски фудбалери, а меѓу нив и Лука Модриќ не можеa да ги запрат солзите, на што првата утеха стигна од соиграчите од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо и Пепе.
 
Роналдо го прегрна најдобриот фудбалер на „коцкестите“, додека Пепе се обиде со утешни зборови да го смири својот клупски колега од Реал.
 
Хрватска прими гол на три минути пред крајот на второто продолжение, откако во претходниот напад ја погоди стативата и пропушти да победи.