Фудбал
18. November 2015 - 7:54

ЕУРО 2016: Извлекувањето на групите ќе се одржи на 12.декември

По завршувањето на баражите познати се „шеширите“ за ждрепката за ЕУРО 2016 година што ќе се одржи во Франција. 

Домаќинот Франција ќе биде во групата А и ќе ја има ознаката (А1) што значи дека на отворањето на 10.јуни на Сен Дени ќе играат „триколорите“.
Другите селекции се поделени во „шеширите“ според досегашните резултати, а изгледот е следен:

Шешир 1: Шпанија, Германија, Англија, Португалија, Белгија.

Шешир 2: Италија, Русија, Швајцарија, Австрија, Хрватска , Украина.

Шешир 3: Чешка, Шведска, Полска, Романија, Словачка, Унгарија.

Шешир 4: Турција, Република Ирска, Исланд, Велс, Албанија, Северна Ирска.

Ќе бидат формирани шест групи по четири селекции, а пласман во нок аут фазата ќе изборат двете првопласирани од сите групи и најдобрите четири третопласирани (вкупно 16).

Шампионатот ќе се одржи од 10.јуни до 10.јули.

Извлекувањето на групите е закажано за 12.декември во 18 часот во Париз.

Титулата европски првак ја брани Шпанија.