Фудбал
27. јуни 2016 - 19:54

ЕУРО 2016: Италија го елиминира европскиот првак Шпанија

Репрезентацијата на Италија е четвртфиналист на ЕУРО 2016 откако попладнево на Стад Д Франс во Париз го совлада европскиот првак Шпанија со 2-0. Ова беше претпоследното 1/8 финале.

Италија во четвртфиналето на 2.јули ќе игра против Германија во Бордо.
Стрелци на головите беа: Киелини во 33.минута и Пеле во 90+1 минута.
Со оваа победа Италија и се реваншираше на Шпанија за поразот во финалето на претходното ЕП 2012.
Во последното осминафинале ќе играат Англија и Исланд од 21 часот.
 
Двојки за 1/4 финале:
Полска - Португалија (30.јуни)
Велс - Белгија (1.јули)
Германија - Италија (2.јули)
Франција - Англија / Исланд (3.јули).