Фудбал
27. јуни 2016 - 22:53

ЕУРО 2016: Исланд ја елиминира Англија

Репрезентацијата на Исланд го направи најголемото изненадување на ЕП откако во последното осминафинале ја победи Англија со 2-1 на дуелот одигран во Ница.

Англија поведе во 4.минута со голот од пенал на Руни.Само две минути подоцна изедначи Сигурдсон, а во 18.минута Сигторсон ги постави конечните 2-1.
Исланд во 1/4 финалето ќе игра против Франција на 3.јули во Париз на Стад Д ‘Франс.
Четвртфинални дуели:
Полска - Португалија
Велс - Белгија
Германија - Италија
Франција - Исланд.