Фудбал
8. July 2016 - 8:43

ЕУРО 2016: Франција во финалето со головите на Гризман

Домаќинот на Европското првенство во фудбал селекцијата на Франција со двата гола на Антоан Гризман се избори за финалето на ЕУРО 2016. Во второто полуфинале одиграно синоќа на „Велодром“ во Марсеј Франција го победи светскиот првак Германија со 2:0.
Стрелец на двата гола беше Гризман. Првиот во финишот на првото полувреме (45+2.минута) од пенал и вториот по грешката на германската одбрана во 72.минута.
Во финалето во недела од 21 часот на „Стад Д‘ Франс“ во Париз ќе играат Франција и Португалија.