ЕУ загрижена поради однесувањето на Русија кон невладините организации
ЕУ денеска изрази силно несогласување со одлуката на руските власти да ги вклучат Прашкиот центар за граѓанско општество и Здружението на училишта за политички студии на Советот на Европа на својата листа на „непожелни организации“.
Во соопштението на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) се вели дека Европската унија е крајно загрижена од континуираните обиди на руските власти да го намалат просторот за опозицијата, граѓанското општество и независните гласови во земјата.
– ЕУ го повторува својот повик до руските власти да ја укинат регулативата за „непожелна организација“ и да го усогласат руското законодавство со сопствените обврски согласно европското и меѓународното право за човекови права, вклучително и релевантните мислења на Венецијанската комисија, се вели во соопштението на ЕЕАС.
Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за односите со Руската Федерација на утрешниот состанок по неодамнешното апсење на опозицискиот лидер Алексеј Навални и реакцијата на руските власти на демонстрациите во земјата организирани за да се побара негово ослободување.
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре започнува изборниот процес - Во домашни услови ќе гласаат болните и изнемоштените лица
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Тема на денот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
-
Конкурсот за АСЈО повторно пред Уставен, одлука ќе носи вечерва
-
Со куфери и авионски билети приватните специјализанти протестираа пред Министертсвото за здравство