ЕУ загрижена поради однесувањето на Русија кон невладините организации
ЕУ денеска изрази силно несогласување со одлуката на руските власти да ги вклучат Прашкиот центар за граѓанско општество и Здружението на училишта за политички студии на Советот на Европа на својата листа на „непожелни организации“.
Во соопштението на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) се вели дека Европската унија е крајно загрижена од континуираните обиди на руските власти да го намалат просторот за опозицијата, граѓанското општество и независните гласови во земјата.
– ЕУ го повторува својот повик до руските власти да ја укинат регулативата за „непожелна организација“ и да го усогласат руското законодавство со сопствените обврски согласно европското и меѓународното право за човекови права, вклучително и релевантните мислења на Венецијанската комисија, се вели во соопштението на ЕЕАС.
Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за односите со Руската Федерација на утрешниот состанок по неодамнешното апсење на опозицискиот лидер Алексеј Навални и реакцијата на руските власти на демонстрациите во земјата организирани за да се побара негово ослободување.
Ново на Сител
-
Преку Развојната банка ќе се реализираат две мерки од шестиот пакет мерки
-
Повредени три лица во сообраќајка на „Партизанска“
-
31 починато лице и 766 нови случаи на Ковид-19 во земјава
-
12 земји на ЕУ се уверени дека ќе достигнат 70 отсто имунизирани до средината на јули
-
До Институтот „Торлак“ ќе можеме да се обратиме за секоја нарачка на вакцини, вели Филипче
-
Пратениците во прво читање ги поддржаа измените на Законот за даноците на имот
-
Шестиот пакет мерки тежи 17,8 милиони евра, насочен кон 12 категории на дејности
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесуваат неосновани кривични пријави