ЕУ во обид да го спаси нуклеарниот договор со Иран
Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска се среќаваат во Брисел, а една од точките на дневен ред се тензиите помеѓу Иран и САД кои го доведуваат во опасност нуклеарниот договор со Техеран, јави дописничката на МИА од Брисел.
– Ќе гледаме како можеме да го сочуваме нуклеарниот договор со Иран и како да воспоставиме мерки кои ќе овозможат Иран да се врати кон целосно усогласување, изјави шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини утрово пред почетокот на состанокот.
Во 2015, САД, Иран, Кина, Русија и трите големи ЕУ членки, Франција, Британија и Германија потпишаа акциски план кој предвидува, меѓу другото, нуклеарно разоружување на Техеран, во замена за постепено укинување на санкциите врз земјата. Но, администрацијата на Доналд Трамп минатата година одлучи да се повлече од оваа спогодба и повторно да воведе рестриктивни мерки врз Иранците.
Иранските власти оттогаш не ги почитуваат целосно одредбите од спогодбата и повторно почнаа да ги зголемуваат резервите на збогатен ураниум над дозволеното.
Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска ќе се обидат да изнајдат решение за спас на овој договор и за да се спречи Иран да продолжи да го прекршува.
На агендата на министрите денеска се наоѓаат и Ирак, Централноафриканската Република и Молдавија, а ќе се разговара и за надворешниот аспект на миграциските прашања како што се договорите со земјите на транзит на африканскиот континент.
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана