Бизнис
18. May 2019 - 19:27

ЕУ со препорака да се штеди во денари

Граѓаните да се задолжуваат во денари, а не во евра. Европската унија препорачува јакнење на домашната валута. Целта е создавање силен денар и намалување на ризиците со зголемување на процентот на кредити кои не можат да бидат отплаќани. Во моментов стапката на нефункционални кредити изнесува околу 5%.

Во моментов земјата влегува во групата земји кои се висикоко евроизирани. Овој проблем го имаат повеќето од земјите во регионот што се должи на долгиот тразициски период и недовербата во домашните политики.  Во пеиродот од 2001 до 2016 година речиси 53% од заштедите во банките биле во евра, во оваа валута биле и половина од кредитите.

Евроизацијата е особено присутна во сивата економија каде се вршат нерегистрирани плаќања во евра за определни стоки и услуги. Но и во рекламите, имено компаниите и натаму имаат навика цените на недвижностите, автомобилите, туристичките аранжамани да ги прикажуваат во евра.

Според препораките на ЕУ, НБРМ и Министертсвто за финансии веќе ја подготвија стратегијата за денаризација која предвидува постепено намалување на користењето на еврата.

Документот предвидува обрвска за банките постепено да го намалат кредитирањето во евра и да ги информираат клиентите за ризиците од задолжување во евра.