Македонија
20. April 2019 - 21:56

ЕУ со план за промени, дали гласот на земјите од Западен Балкан ќе вреди

Ќе се промени ли структурата на Европската унија со влезот на земјите од Западен Балкан? Европските федералисти сметаат дека по нивното пристапување ќе треба да се укине ветото како начин на одлучување, бидејќи на Европа и требаат повеќе различни мислења.

- Ако утре Западен Блакан и се приклучи на Евроската унија ќе има шест повеќе вето гласови. Дали е тоа одржливо? Реално мислам дека нема да функционира бидејќи и денес со 28 земји, ако сакате да бидете подготвени во ЕУ, треба да направите длабоки реформи, рече претставникот на Младите европски федералисти, Селин Гајсман.

Дека на Европа и требаат промени од внатре свесен е и францускиот амбасадор во земјава. Вели дел од земјите членки се соочуваат со недостатокот на демократија. Според него, дел од јавноста во Унијата е заморена од разорачувањата по последните проширувања во источниот дел од континентот.

- Некои земји членки се дури под закана да им се одземат правата во Европската унија. Значи, демократската стабилизација на земјите од Западен Балкан е неопходно и задолжително пред да станат членки, вели франускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

Во последната деката во земјите членки расте и недовербата во Унијата. Но и за двојно е зголемен бројот на противниците на проширувањето на ЕУ. Според истражувањата на Европската комисија, тоа најмногу се должи на подемот на популистичките партии и миграцијата. Но, голем удел во растот на недовербата има и Брегзит.

Доаѓањето на мигрантите од некоја територија обично се гледа како катализатор на рапидни општествени промени и локалното население се плаши од ова. Се чувствува загрозено од нивните традиционални вредности, Елишка Гертнерова, претставничка на ЕУ делегација во земјата.

Еден од клучните проблеми со кои се соочува Европа е и безбедноста. Иако ЕУ има своја безбедносна стратегија, дел од членките се многу поблиски кон Соединетите Американски Држави и нивните политики по ова прашање.