Балкан
25. November 2016 - 8:48

ЕУ: Приходите од дрога во Албанија на ниво од 2,6 отсто од БДП

Во последниот извештај на Европската комисија за напредокот во Албанија се проценува дека приходите од илегалната трговија и производството на дрога во земјата достигнуваат ниво од 2,6 отсто од албанскиот бруто домашен производ (БДП), јави дописникот на МИА.

Според извештајот, како што наведува тиранската телеизија Топ чанел, парите заработени од шверцот со наркотици претставуваат значаен дел во албанската економија и во споредба со развиените земји тоа ниво е поголемо дури и до 300 пати.

Во економиите на западните земји, како Франција, Италија, Германија или Велика Британија, приходите од шверсот на дрога достигнуваат ниво од 0,07 до 0,19 отсто од националните БДП.

Со вредност од 2,6 насто од БДП, проходите од шверцот на дрога во Албанија се на исто ниво колку и заработката на целиот сектор на образованието или рестораните.