Бизнис
5. July 2018 - 19:44

ЕУ препорачува: Државата да ги тргне рацете од бизнисот, субвенциите ја влечат економијата надолу

Субвенциите ја влечат економијата надолу. Европските престваници во земјава се против тоа државата финансиски да го помага стопанството. Сметаат  дека со субвенции никогаш не може да има конкуретнос и дека тие ја влечат економијата надолу.

- Конкуретнста почнува да се развива кога бизнисот лежи на здрави основи. Едне од поголемите проблеми со ки се соочува македонската економија е недостатокот од едуциран и млад кадар, посочи Никола Бертолини, од делегацијата ан Европската Унија на денешното разгледувањ на проектот ревизија ан индсутријста политика.

И додека Европските претсваници сугерираат  дека треба да запре државното субвенцинирање на  економијата, Владата пред два дена донесе нова одлука со која ќе се субвенционираат работодавачите да даваат  повисоки плати од минималната. За дел до бизнисмените мерката ќе помогне да ги зголемат платите особено во трудоинтензивните дејности, но нема да помогне да се големи продуктивноста.

Со предлог законот за минимална плата кој го пројде владиниот филтер се предвидува  работодавачите кои во моментов исплааат минималец од 12 илјади денари да добијат државна помош за зголемување, Ова значи ако се исплати плата поголема од минималната односно во рамки на 12 и 18 илјади денари работдавецот ќе добие државна помош во износ од 30 проценти.