ЕУ предупредува на закана за регионалната безбедност после нападот во Саудиска Арабија
Нападот со дронови на нафтените постројки на државната нафтена компанија „Арамко“ во Саудиска Арабија претставуваат вистинска закана за регионалната безбедност, соопшти Европската унија.
– Во време кога тензиите се високи, овој напад ги поткопува тековните напори за деескалација и дијалог, стои во соопштението во кое се изразува жалење кон саудиските власти и народ.
ЕУ укажува дека е многу важно да се утврдат фактите и одговорноста за тој „срамотен чин“.
– Во исто време Европската унија го повторува својот повик за максимална воздржаност и деескалација, се додава во соопштението потпишано од портпаролката Маја Коцијанчиќ.
Нападот на двете нафтени постројки во Саудијска Арабија влијаеше на глобалното снабдување со нафта и го преполови производството на нафта на Саудиска Арабија. Одоговорност за нападот презедеоа јеменските шиитски бунтовници Хути.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок