ЕУ повтори дека го поддржува Преспанскиот Договор
Портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич, повтори дека ЕУ го поддржува Договорот од Преспа и дека ќе реагира штом биде усвоен, или не, во грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА во Брисел.
-Одблиску го следиме процесот на овој многу важен договор и конзистентно сме реагирале на секој чекор. Очекуваме штом ќе заврши дискусијата во грчкиот Парламент да има реакција од ЕУ, рече портпаролката.
Вчера новинарите дописници во Брисел бараа одговори од Европската Комисија зошто не е опоменат комесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос за неговите изјави против Преспанскиот Договор, со оглед на тоа дека ЕУ силно се вложи во овој договор.
-ЕУ го поддржува овој историски договор потпишан од Заев и Ципрас под водство на ОН, и ова и понатаму останува случај, рече Коцијанчич.
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците