ЕУ постигна првичен договор за распределба на европскиот фонд за одбрана
Советот на ЕУ соопшти дека е постигнат првичен договор за распределба на европскиот фонд за одбрана.
Се очекува фондот да осигура средства за првите проекти во областа на одбраната за следната година. Европската комисија денеска предложи да бидат одвоени 245 милиони евра за создавање на програма за индустриски развој на одбраната во буџетот за следната година. Овие средства ќе бидат насочени кон проекти за производство на европска воена опрема.
Во соопштението на Советот е цитиран бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, кој забележува дека, ЕУ првпат ќе финансира развојот на одбранбени способности. Според него, тој чекор ја одразува потребата во денешниот свет Европејците да сторат повеќе за сопствената безбедност.
Се прецизира дека Фондот за одбрана ќе ја поддржи конкуренцијата и новите случувања во одбраната со буџет од половина милијарда евра до 2020 година. Целта е да се поддржат и мали и средни претпријатија. Обезбедена е поддршка за компании од областа на одбраната, кои се наоѓаат во различни земји на ЕУ, но, работат на заеднички развој.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање