ЕУ помош од четири милиони евра за итни медицински потреби
Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска го потпиша финансискиот пакет вреден четири милиони евра за итни медицински потреби на Македонија, како одговор на кризата со Ковид-19.
Помошта од ЕУ овозможува набавка на маски, вентилатори, комплети за тестирање, медицинска опрема и значителни количини на опрема за лична заштита. Таа ќе биде спроведена од УНОПС – Канцеларијата на ОН за проектни услуги.
Тековната помош е дел од солидарниот пакет помош на ЕУ за нашата земја во висина од 66 милиони евра, наменет за справување со состојбата со корона вирусот. Во рамки на пакетот, освен овие четири милиони евра за итни медицински потреби, ЕУ обезбедува и 50 милиони евра за социо-економско закрепнување, девет милиони евра за помош на приватниот сектор и три милиони евра директна буџетска поддршка.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок