Loading Video...
Свет
27. February 2018 - 21:50
ЕУ побара темелна истрага за убиството на словачкиот истражувачки новинар
Словачките власти го осудија убиството на истражувачкиот новинар Јан Кучијан и понудија награда од еден милион евра за информации кои ќе помогнат за расветлување на случајот. И ЕУ го осуди нападот и побара темелна истрага. 27 годишниот Кучијан и неговата свршеница биле екзектуирани со истрели во главата и градите во нивниот дом во градот Велка Мач.
- Не можеме да бидеме земја каде се убиваат новинари. Секое убиство го сметам за огромна трагедија, како човечка, така и општествена, изјави Луција Зитнанска-министер за правда.
Кучијан истражувал и пишувал за даночни измами на бизнисмени поврзани со владејачките социјалдемократи.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
-->
-->